Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКА НЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА, новинарите бараа одговори за скандалот кој ја тресе ЕУ, но не добија

(ВИДЕО) ВАКА НЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈА, новинарите бараа одговори за скандалот кој ја тресе ЕУ, но не добија

Пресконференцијата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, прерасна во вистинска караница, особено откако таа одби да одговори на прашањата на новинарите за вмешаноста на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас со Катар, што предизвика гнев кај новинарите во Брисел. Тие инсистираа на одговори за најголемиот корупциски скандал што ја погоди ЕУ во последните неколку години.

Заменик-портпаролот на Европската комисија, Ден Спинант, одлучи да ја затвори прес-конференцијата, што предизвика бурни реакции кај новинарите кои побараа дополнителни појаснувања.



Не одговоривте на ниту едно прашање“, извика еден новинар. „Ваква прес-конференција не може да се организира“, одговори Спинант, додека новинарите гласно се жалеа дека од ЕК избегнуваат да дадат одговор.

Иако Фон дер Лајен одговори на некои прашања за скандалот, таа не одговори за околностите на заминувањето на обвинетиот Схинас во Катар.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола претходно вети дека ќе започне внатрешна истрага за ескалацијата на обвинувањата за корупција што го потресоа Брисел, по серијата полициски рации во канцелариите на Европскиот парламент.

Слично

Поврзани вести