(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АВГАНИСТАН ОДБЛИЗУ: Земјата буквално „голта“ се пред себе!
Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала кој ко потресе Авганистан и Пакистан однесе 311 животи, а се почуствувал дури и во Индија и Таџикистан.
Над илјада луѓе се повредени, а според некои информации бројот на жртвите сеуште расте со оглед на тоа дека спасувачите сеуште не стигнале до заробените области.
Поради јачината на земјотресот, последиците се огромни, а тоа може да се види по големиот број на жртви и штетата која е направена во оваа држава.
На интернет се појавија различни видеа на кои се гледа како се пометува земјата, се поместуваат објектите и куќите и како луѓето панично трчаат по улиците.
Она што предизвика најмногу коментари е видеото на кое се гледа како земјата „голта“ се пред себе поради големите и јаки потреси.
