Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ПУТИН КОГА СЕ ШЕГУВА ЗА НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Молчи, а потоа се смее

(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ПУТИН КОГА СЕ ШЕГУВА ЗА НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Молчи, а потоа се смее

За време на панел дискусијата во клубот Валдаи, каде рускиот лидер Владимир Путин одржа говор, многу луѓе пропуштија еден детаљ. Интересниот клип на Твитер го сподели Френсис Скар, дописник на Би-Би-Си кој ги следи руските медиуми, со коментар: „Нема многу работи помалку смешни од обидот на Владимир Путин да се пошегува со нуклеарна војна“.

Модераторот го потсети Путин на неговите непријатни коментари од пред четири години, на истиот настан, кога рече дека „сите ќе завршиме во рајот“.

„Не брзаме, нели?“, го праша Путин. Рускиот претседател размислуваше за прашањето, а модераторот коментираше дека паузата всушност звучела малку алармантно. „Го направив тоа намерно за да ве исплашам“, рече Путин смеејќи се.



Слично

Поврзани вести