Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ДА СЕ БИДЕ СИРОМАШЕН ВО АМЕРИКА: Глад, криминал и повици за помош!

(ВИДЕО) ВАКА ИЗГЛЕДА ДА СЕ БИДЕ СИРОМАШЕН ВО АМЕРИКА: Глад, криминал и повици за помош!

Иако Балтимор во последните неколку години доживеа одреден економски цут, тој не се „прелеа“ во многу сиромашни делови на градот, во кој стапката на сиромаштија е дури 25 отсто.

Вооружениот криминал во Балтимор, како последица на пресметката на локалните банди, го надмина лани по убиства и злогласниот Чикаго. За многу неговите жители, за жал, единствен начин да заработат е продажба на дрога или сопствено тело за пари.

Претседателот Доналд Трамп најави на почетокот на својот мандат дали ќе се „реши“ проблемот на сиромаштијата, како и проблемите предизвикани со криминалот, дрогата и бандите, посебно во деловите на градовите населени претежно со црнци и латинско малцинство.

Запрашан што би му порачал на Трамп, еден посетител на локалната јавна кујна вели едноставно: „Дојди и помогни ни. Наместо да не критикуваш, дојди овде и помогни ни, и ќе видиш дека ни треба помош. Силно.“

Куќите во кои сиромашните живеат се полни со глувци, бубачки и лебарки.

„Квартовите се распаѓаат, не затоа што луѓето кои живеат во нив се лоши луѓе, бидејќи не се доволно платени, недоволно образовани, и толку од нас живееа на овој начин, туку и трета генерација по ред сме, да не знаеме како да го промениме тоа. Очај е начинот на животот“, вели жителот на Балтимор кој се занимава со поправки на куќи.


Слично

Поврзани вести