(ВИДЕО) Вака е уапсен тинејџерот кој пукал во училиште во Москва
Објавено е видео на кое се гледа како е уапсен тинејџерот кој пукал во училиште и фрлал чадни бомби во Москва затоа што наставничката го истерала од час поради изгледот.
Се гледа како двајца полицајци го носат со лисици на рацете и го водат во полициска станица.
Момчето доцнело на час по информатика, а на себе носело војнички чизми и црн капут.
Тој се скарал со професорката, по што почнал да пука со пиштол.
Откако фрлал чадни бомби, другите ученици скокале од прозорец иако училницата била на втори кат.
Во инцидентот се ранети две момчиња и две девојчиња.
Професорката е ранета во главата и е оперирана.
Слично
