(ВИДЕО) Вака белгиската полиција го уапси клучниот терорист за нападите во Брисел
На интернет се појави видео од апсењето на Мухамед Абрини, човекот за кој се трагаше од терористичкиот напад во Париз, во ноември лани. Белгиското обвинителство потврди дека мажот е уапсен, заедно со уште петмина лица, меѓутоа , уште нема официјални потврди дека тоа е „мажот со шеширот“ од снимките во Брисел.
[caption id="attachment_206961" align="aligncenter" width="640"]
Во центарот е Ибрахим ел Бакрауи, не се знае кои се другите двајца од левата и десна страна[/caption]
Мухамед Абрини (31), белгиски државјанин со мароканско потекло се сомничи за учество во терористичките напади во Париз од 13 ноември лани и Брисел 22 март годинава. Неговите отисоци од прстите и ДНК се најдени во станот на еден бриселски квартал.
Абрини е виден во друштво на браќата Салах и Ибрахим Абдеслам, неколку дена пред нападите во Париз. Тој ги возел од Брисел во Париз и им помогнал да најдат стан во Париз каде го подготвувале нападот.
Веќе претходно бомбашите самоубијци се идентификувани како Ибрахим Ел Бакруи и Наим Лакрауи, додека третиот маж со шешир кој со нив се гледа на снимките на безбедносните камери, избегал пред нападот оставајќи количка со багаж на која била торба со експлозив.
Таа направа не експлодирала во времето на нападот, туку е активирана подоцна под надзор на полицијата.
Веднаш откако го уапсиле Абрини во медиумите се шпекулира дека „најверојатно“ тој е мажот со шеширот.
Меѓутоа, порталот politico.eu, повикувајќи се на еден белгиски претставник рекол дека мажот со шешир е висок околу 190 цм, додека Абрини е висок 175 цм.
[youtubevideo url='https://youtu.be/DUsVT-5hdf8']