Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Вагнеровец клекна и плачеше за Пригожин

(ВИДЕО) Вагнеровец клекна и плачеше за Пригожин

Вагнерците се збогуваат со нивниот лидер Евгениј Пригожин, а еден од нив клекна и плачеше. 

Борците на групата Вагнер и неколку десетици граѓани се собраа пред импровизираниот споменик на Евгениј Пригожин во неговиот роден град Санкт Петербург. Тој вчера загина во авионска несреќа близу Москва. 

„Тука сум да го почитувам споменот на Пригожин. Ја поддржувам неговата политика, Вагнер е праведен“, изјави млад човек кој застана пред седиштето на Вагнер и даде изјава за рускиот весник „Сота“.

На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледаат Вагнерци како полагаат цвеќе на земја пред портретите на Пригожин и Дмитриј Уткин. 

Рускиот претседател Владимир Путин дури денеска се јави да изрази сочувство и го пофали Пригожин дека бил талентиран бизнисмен. 

Американските власти веруваат дека авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин бил намерно соборен, но додаваат дека се чини дека не бил соборен со проектил земја-воздух. 

Пригожин пред два месеци имаше неуспешен обид за пуч. Тој со своите војници тргна кон Москва, но го прекина својот поход. Потоа замина во Белорусија, а вчера загина. Тој претходно го навредуваше рускиот претседател Владимир Путин и руските генерали. 


Слично

Поврзани вести