(ВИДЕО) Ужасно невреме во Фиренца – 20 луѓе повредени од град!
Една од најпознатите туристички атракции во италијанскиот град Фиренца, Галерија Уфизи во истоимената палата, е затворена заради штетата што ја предизвика денешното невреме со град во кое беа повредени 20-тина лица, соопштија градските власти.
Невремето со грмотевици ја погоди Фиренца и околните подрачја во Тоскана, проследено со град, торнадо и на крајот со поплава. Пет луѓе се повредени кога делумно се урнала една училишна зграда, а градоначалникот Дарио Нардела свика итен состанок на кризниот штаб со претставници на цивилната заштита.
Тој на граѓаните им порача да не излегуваат од домовите, а употребата на возилата да ја сведат на минимум. Во Фиренца заради невремето се затворени и останатите музеи, како што се Пити, Сан Марко и Палацо Даванзати, како и манастирите и јавните паркови.
Погледнете снимки од ова ужасно невреме:
http://www.youtube.com/watch?v=vduIdPSTW6g
http://www.youtube.com/watch?v=4h9wxpCoKOI
http://www.youtube.com/watch?v=3I-gq4uS2WY
http://www.youtube.com/watch?v=jyKTAKKnQUQ
http://www.youtube.com/watch?v=YespstLJbAc
Слично
