Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ужасите на сириската војна-Момче: „Толку сум гладен што веќе два дена јадам трева“

(ВИДЕО) Ужасите на сириската војна-Момче: „Толку сум гладен што веќе два дена јадам трева“

Трогателна видео снимка на мало сириско момче во која вели дека два дена јаде само трева поради недостиг од храна го потресе светот.

Момчето, на возраст од околу 5 години, е снимено пред темната соба со камени ѕидови. Со исплашен и тажен израз на валкано лице, на прашањето дали е гладно, момче одговорило потврдно.

На следното прашање на снимателот, колку долго не вкусил храна, момчето тивко одговора: „Два дена“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/h3XAj_g5X2Q[/embed]

После тоа, момчето му говори на снимателот како очајнички би сакало да вкуси малку леб, „кој не го ставил во уста долго време“

Потоа следи најпотресниот дел од интервјуто, во кое дечкото говори како изминатите два дена преживува јадејќи само трева. Шокираниот снимател само изговорил „Алах Акбар“.

 Се претпоставува дека оваа снимка е направена во Алепо, во западна Сирија. Идентитетот на момчето не е познат.

sirija-glad-decak-foto-youtube-freaking-video-1_ff

Пред почетокот на војната , Сирија имала годишни стратешки залихи од околку три милиони тони пченица.

Претставниците одбивале да откријат колку од тие залихи преостанале, но од Министерството за земјоделие соопштија дека Сирија очајнички сака да увезе 150 илјади тони пченица како би го прехранила населението.

Алепо е најголем сириски град, кој после избивањето на судирите во 2012 година е поделен помеѓу провладините и бунтовничките сили. Во таа ситуација најмногу стрдаат оние најневините - цивилите.

Слично

Поврзани вести