(ВИДЕО) Ужас во СИРИЈА: Бомбаш самоубиец се разнесе до болница, најмалку 10 загинати
Во центарот на сирискиот град Хомс, во близина на болница, терорист разнесеол автомобил полн со експлозиви. Ова го објавија странските медиуми, повикувајќи се на извор од полицијата во Хомс.
„Автомобилот бил разнесен до болницата ал-Ахли во соседството. Настрадале десетици, има жртви, но во моментов не можеме да кажеме колкав е нивниот број. Повредените се превезуваат во реонските болници“, раскажал изворот.
Според првичните информации загинатите се не помалку од 10, а над 20 се повредени. Помеѓу нив има и тешко повредени.
Во други податоци недалеку од местото на експлозијата имало складирани гасни цилиндри, кои требало исто така да експлодираат.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/N4e1WOiRwgI[/embed]
Слично
