(ВИДЕО) Ужасна слика во Мариупол, уништени згради, празни улици и чад
Украинскиот град Мариупол е целиот во урнатини. Ова може да се види од снимките кои се појавија на интернет.
Се гледаат урнати и оштетени згради, празни улици и чад. Околу 150.000 луѓе и натаму се заробени во Мариупол.
„Украинската влада праќа 45 автобуси за евакуација на цивили од опколениот град Мариупол“, изјавила потпретседателката на владата Ирина Верешчук.
17 автобуси веќе отишле за Мариупол од Запорожје, на околу 220 километри северозападно од градот. Во градот одамна нема вода, струја, греење, а едно дете претходно почина од дехидрираност.фото Принтскрин
Слично
