(ВИДЕО) УЖАС ВО СКИ ЦЕНТАР: Лифтот изгуби контрола, а луѓето скокаа
Зимскиот одмор во грузиски ски центар се претвори во хорор за повеќе од десетина луѓе, откако ски-лифтот изгуби контрола во воздух, претворајќи се во смртоносна стапица.
Една бремена жена од Шведска и туристи од Украина се сериозно повредени во инцидентот, изјави за новинската агенција Интерфакс грузискиот министер за здравство, Давид Сергеенко. Жената има повреда на грбот додека човекот има фрактура на рака. Вкупно осум лица се повредени.
Очевидецот на настанот, Петар Книшхов сподели видео од инцидентот, од кое се гледа како некои луѓе паничат, а други скокаат сами.
Слично
