Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УЖАС ВО ГВАТЕМАЛА: Луѓето живи гореле во најстрашната ерупција на вулкан

(ВИДЕО) УЖАС ВО ГВАТЕМАЛА: Луѓето живи гореле во најстрашната ерупција на вулкан

Бројот на загинати при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала пораснал на 69, соопштил директорот на Националниот институт за форензичка наука на Гватемала Фануел Гарсија.


Гарсија рекол дека досега се идентификувани само 13 тела.


Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран вчера кај брегот на Гватемала, само неколку часа по ерупцијата на вулканот, а евакуирани се 3 200 луѓе, а околу 300 се повредени.


Вулканот Фуего исфрла млазови лава од осум километри и исфрла чад и пепел кој паѓа на градот и другите околни области.


Претседателот на Гватемала изјавил дека свикал состанок со министрите, како и дека разгледува да прогласи вонредна ситуација во областите на Чималтенанго, Ескинтла и Сакатепекез.


Поради ерупцијата затворен е аердромот и запрени се сите летови.


Слично

Поврзани вести