Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УЖАС ВО ФРАНЦИЈА: Гром повреди луѓе на фестивал

(ВИДЕО) УЖАС ВО ФРАНЦИЈА: Гром повреди луѓе на фестивал

Повеќе од 15 лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба, откако гром удри на фестивал на отворено во североисточна Франција.

Имало повеќе удари од гром во областа Азералје каде се одржува фестивалот Vieux Canal.

Меѓу повредените има две деца кои биле сместени во шатор додека траело невремето.

Жртвите се „директно погодени од громот и имаат изгореници“, велат службите.

Жена на 60-тина години и 44-годишен маж се во тешка состојба и веднаш се префрлени во болница.

Во овој период од годинава често се случува да има невреме во делови од Франција. 


Слично

Поврзани вести