(ВИДЕО) Уште една жена на избори ќе се бори против Путин
Руската новинарка и телевизиска водителка, Екатерина Гордон најави дека планира да се кандидира на претседателските избори во март 2018 година.
Таа информира дека никогаш не гласала, но дека е разочарана и од либералната опозиција и од прокремаљските политичари. Оваа жена во претседателската трка влегува како независен кандидат.
Во видео снимката објавена денеска на Јутуб, 37-годишната Гордан, која е и пејачка и текстописец, како и сопственик на адвокатска канцеларија, вели дека „најверојатно“ ќе биде единствената кандидатка што ќе се кандидира без отворена или премолчана поддршка од администрацијата на сегашниот претседател Владимир Путин. Тој пак ќе се кандидира и се очекува да победи.
Претходно кандидатура најави и познатата водителка и активистка Ксенија Собчак, која е ќерка на поранешниот шеф и ментор на Путин, Анатолиј Собчак.
