(ВИДЕО) Уште еден украински град е целосно разорен
Градот Бородјанка во Украина е целосно уништен во борбите меѓу руските и украинските сили.
На 1 март, во руски воздушен напад се уништени најмалку два станбени комплекси во Бородјанка.
Снимките од дронови од 4 март покажуваат дека средината на друг станбен комплекс се урнал во куп урнатини.
Си-Ен-Ен претходно објави дека руските сили презеле привремена контрола врз психијатриската болница - во која имало речиси 700 пациенти - во Бородјанка на 5 март.
Во тоа време, регионалниот гувернер Олексеј Кулеба рече дека градот нема вода и струја.
„Ја нема Бородјанка - таа е речиси целосно уништена. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под команда на руските трупи, тие ја контролираат оваа населба“, вели Кулеба.
Уништен е градот Марупол, а во Буча имаше цивилни жртви, луѓе кои биле врзувани, мачени, убивани. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.
foto Printskrin
