Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УШТЕ ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Погледнете како изгледа од птичја перспектива!

(ВИДЕО) УШТЕ ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Погледнете како изгледа од птичја перспектива!

Два силни земјотреси погодија денес различни делови од Нов Зеланд, а засега нема извештаи за евентуални жртви ниту материјална штета.

Ова видео е напревено со дрон, а го објави британски Телеграф.


Првиот земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер се почуствувал кај брегот на Северниот остров околу 13.20 часот по локално време. Епицентарот бил околу 200 км североисточно од главниот град Велингтон, на длабочина од 10 км, соопшти Американската геолошка служба.

Околу пет часа подоцна, Јужнот остров го погодил земјотрес со магнитуда од 5,3 степени, со епицентар на 78 км североисточно од Крајстчерч, на длабочина од 4 км. Веројатно во прашање биле дополнителни потреси после силниот земјотрес од 7,8 степени по Рихтер, кој минатата недела го погоди Нов Зеланд и предизвика помало цунами. Во тој земјотрес загинаа две лица и е причинета голема штета.

После денешните потреси нема аларм за цунами. Нов Зеланд , со 4,7 милиони жители, лежи на Огнениот појас на Пацификот, кој го опкружува Тихиот океан, каде има јаки сеизмички активности.
Слично

Поврзани вести