Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УРИВААТ РЕКОРДИ: Топлото време топи асфалт

(ВИДЕО) УРИВААТ РЕКОРДИ: Топлото време топи асфалт

Се топи асфалтот во Австралија, која веќе шест дена е погодена од топлотен бран. 

Урнати се досегашните рекорди на екстремно високи температури.

На 373 километри северно од градот Сиднеј објавено е дека е стопен бетонот на главниот автопат поради што работници го прскаат подрачјето со вода за да ја оладат површината и да спречат леплив асфалт за автомобилските гуми, информирале од локалната новинска агенција „Аргус“.

Топлотните рекорди се соборени по должината на источна Австралија кога денеска температурата надмина 40  Целзиусови степени.

Највисокиот рекорд во текот на австралиските ноќи е соборен вчера во Нуни, 800 километри западно од Сиднеј, каде што најниската температура преку ноќта била 35,9 степени.


Метеоролозите велат дека ова е најтопол јануари од 1939 година. Температурата ќе опадне во текот на викендот до следната недела кога се очекува и натаму да расте. 

Слично

Поврзани вести