(ВИДЕО) УРИВА РЕКОРДИ СО ПОСЕТИ: Дали е ова палатата на Путин?
„Палатата на Путин“ на Јутјуб со повеќе од 100 милиони прегледи.
Филмот на рускиот дисидент Алексеј Навални за палатата на Црно море во сопственост на Владимир Путин, што рускиот претседател го негира, на Јутјуб го виделе повеќе од 100 милиони луѓе. Навални видеото го објави во пресрет на повикот за масовни протести за одзивот на граѓаните да биде уште поголем. Путин објави дека палатата не е негова ниту на било кој член од неговото семејство. Станува збор за имот на брегот на Црно море на површина од скоро 18.000 квадратни метри. Авторите на филмот тврдат дека околниот простор е речиси 40 пати поголем од Монако, и дека тоа здание наводно чини 100 милијарди рубљи или околу 1,12 милијарди евра.
Италијанскиот архитект Ланфранко Чирило ја создал „Палатата на Путин“. Тој не сака да се експонира, а сонува да ја дизајнира голема зграда на парламентот во Москва. Вели дека досега дизајнирал и изградил раскошни домови и канцеларии за 43 руски милијардери.
