Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ураганот Никлас зеде 11 жртви во Централна Европа

(ВИДЕО) Ураганот Никлас зеде 11 жртви во Централна Европа

Ураганот Никлас, беснеел вчера во многу региони на Германија, Австрија и Швајцарија, тој досега го одзеде животот на 11 лица, а неколкумина се повредени.

Жртвите во Германија се седум. Три лица беа убиени од паднати дрвја, уште толку загинале поради подмрзнати патишта, а еден од уривање на ѕид виз него, пренесува „Франс прес“.

Во Австрија 63-годишен маж починал, паѓајки од скали, додека се обидувал да си го поправи покривот, а тригодишно девојче било повредено од паднато дрво врз него.

Во Швајцарија 75-годишен маж загинал кога дрво паднало врз неговото возило.

Според податоците на Германската метеоролошка служба Никлас е една од најсилните бури кои ја зафатиле земјата во последните 30 години. Полицијата и противпожарната служба продолжуваат да ги расчистуваат патиштата. На автопатите се формирала голема гужва поради превртените камиони.

На аеродромот во Франкфурт, каде што вчера беа откажани 185 летови, и денес се очекуваат доцнења и откажување на десетици летови. Околу 1.300 патници мораа да ја поминат ноќта во хотели. Во Хамбург лошото време доведе до откажување на 63 летови.

Слично

Поврзани вести