Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УРАГАН ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО АМЕРИКА: Маж со кајак се движи низ собата

(ВИДЕО) УРАГАН ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО АМЕРИКА: Маж со кајак се движи низ собата

Невреме зафати делови од САД. Ураганот Хелена, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида, а засега се знае дека има шест жртви.

Жител на Флорида за Си-Ен-Ен изјави дека сметал дека невремето нема да биде сериозно.

„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна да се крева и водата влегуваше“, рече Хелер.

Тој oбјави видео на кое се движи низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.

Домот на овој човек и претходно бил поплавуван. 

Ураганот ги зафати и Џорџија, Јужна Каролина, централна и западна Северна Каролина и делови од Тенеси. Официјалните лица се плашат дека ќе бидат откриени повеќе жртви бидејќи невремето ја опустоши Флорида со ветрови со брзина од 225 км/ч.


Слично

Поврзани вести