Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УРАГАН ЈА ПОГОДИ РУСИЈА: Повредени луѓе завршија во болница

(ВИДЕО) УРАГАН ЈА ПОГОДИ РУСИЈА: Повредени луѓе завршија во болница

Силен ураган имаше во Русија каде се повредени 11 луѓе. 

Во руската централноазиска република Хакасија повредени се 11 лица, од кои пет се хоспитализирани, објави денеска руското Министерство за здравство.

Тројца пациенти се хоспитализирани во меѓуобластната болница во Абакан, двајца пациенти се хоспитализирани во меѓуобластната болница Сајаногорск, а другите пациенти се на амбулантско лекување. Претходно беше објавено дека поради пожар е прогласена вонредна состојба во Хакасија, која се наоѓа на територијата на јужен Сибир.

Лани во руската престолнина во ураган загинаа 2 луѓе, а имаше и најмалку 35 повредени. 

В0 2017 година во ураган во Москва загинаа 13 луѓе, а стотина беа повредени. 


Слично

Поврзани вести