Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УПОТРЕБИЛЕ ПОМОРСКИ ДРОН: Украинците собориле руски хеликоптер кај Крим

(ВИДЕО) УПОТРЕБИЛЕ ПОМОРСКИ ДРОН: Украинците собориле руски хеликоптер кај Крим

Украина тврди дека првпат соборила руска цел со помош на поморски дрон. 

Воената разузнавачка служба на Украина (ГУР) на 31 декември преку Телеграм објави дека поморски дрон Магура В5, опремен со ракети, соборил хеликоптер Ми-8 кај западниот брег на Крим.

ГУР објави дека погодиле и втор руски хеликоптер, но тој успеал да се врати во руската воздухопловна база.

„За првпат во светот војниците на ГУР уништија воздушна цел со помош на поморскиот дрон Магура В5“, соопшти разузнавачката служба.

Вчера Русија и Украина направија размена на воени заробеници. 

Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.


Слично

Поврзани вести