Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Упаднаа во Парламент и уапсија пратеник

(ВИДЕО) Упаднаа во Парламент и уапсија пратеник

Специјалци влегоа во рускиот парламент и уапсија пратеник, осомничен дека наредил две убиства.

Тој денес е запрен, пред да успее да ја напушти салата каде што неговите колеги расправаа за барањето да му се укине имунитетот.

Пратеникот Рауф Арашуков, претставник на републиката Карачаево-Черкесија, приведен е откако утрово Советот на федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, му го укина пратеничкиот имунитет. 

Арашуков е осомничен дека во 2010 година ги нарачал убиствата на активистот Аслан Жуков и советникот на претседателот на Карачаево-Черкесија Фраљ Шебзухов.

Рауф Арашуков во Советот на федерацијата е делегиран во 2016 година и со 31 година стана најмладиот член на тој дом.


Слично

Поврзани вести