Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Уникатни досега необјавени видеа од тестот на хидрогенската бомба во Северна Кореја

(ВИДЕО) Уникатни досега необјавени видеа од тестот на хидрогенската бомба во Северна Кореја

Јужнокорејските телевизии покажаа уникатни снимки од успешниот тест на хидрогенската бомба во Северна Кореја. Видеата се вклучени во официјалните канали на медиумите во најголемата социјална мрежа за споделување.

Во оваа смисла, Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска вонредна седница поради изјавата на Северна Кореја дека спровела испитување на хидрогенската бомба. Конференцијата ќе биде зад затворени врати.

САД ги осудија „провокациите“ на Северна Кореја и ветија дека ќе одговорат на соодветен начин. Вашингтон, сепак, истакна дека засега не може да го потврди тврдењето на Пјонгјанг дека го имал првиот успешен тест на хидрогенска бомба.

„Го осудуваме секакво прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и повторно ја повикуваме Северна Кореја да ги почитува меѓународните обврски“, изјавил портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QPLq9SC0f4E[/embed]

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјавил на Твитер: „Ако пораките на Северна Кореја за тест на хидрогенска бомба се вистинити, тоа е сериозно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и провокација, која јас осудувам без никакви резерви“.

Јужна Кореја исто така испрати шокантна порака на Северна Кореја. „Строго ја осудуваме четвртата нуклеарна проба на Северна Кореја, кој е во флагрантно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, и покрај повторените предупредувања од нас и од меѓународната заедница“, се вели во соопштението на владата.

Претседателот на Јужна Кореа свикал вонредна седница на Советот за национална безбедност. „Ќе ги превземеме сите неопходни мерки, вклучувајќи и дополнителни санкции од Советот за безбедност на ОН, па Северот да ја плати цената за нуклеарниот тест“, се вели во соопштението, без да се споменува тврдењето на Пјонгјанг, кое се смета за скептицизам од меѓународни експерти, дека овој тест бил на моќна хидрогенска бомба.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zB6IMsntCmc[/embed]
Слично

Поврзани вести