(ВИДЕО) Унгарија размислува да воведе вонредна состојба поради бегалците
Унгарија може да воведе вонредна состојба поради кризата со бранот на бегалците. Во својата традиционална неделна прес-конференција министерот за внатрешни работи на земјата Јанош Лазар посочил дека вонредната состојба може да биде објавена на 15 септември.
Од почетокот на годината повеќе од 160 илјади мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија влегле во Унгарија. Нивната цел се богатите европски држави особено Германија.
За да го запре приливот, Будимпешта почна да гради ограда по српската граница, потсетува британското издание „Daily Mail“. Министерот за внатрешни работи, Лазар соопштил денеска дека објектот ќе биде довршен во октомври.
Руската новинска агенција „ТАСС“ пак соопшти за распоредување на унгарски војници во близина на српската граница.
Има и очекувања дека на 22 септември унгарскиот парламент ќе го прифати решението со кое ќе се овозможи користење на армијата за заштита на границата со Србија од мигрантите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/w6mIzCScguI[/embed]