(ВИДЕО) Уметник му обезбеди нов дом на таткото кој ја држеше за рака мртвата ќерка под урнатините
Месут Ханчер, таткото кој ја држеше за рака мртвата ќерка која беше под урнатините во Турција доби целосно уреден дом.
Познатиот турски уметник Ебру Јашар му подарил дом. Уметникот заедно со својата сопруга која е бизнисменка му подариле целосно опремена куќа. Во нивниот нов дом во Анкара има и слика на која се насликани двајцата, а Ирмак е насликана како ангел.
Нов земјотрес имаше денеска во Турција, близу Кајсери. Во Турција и Сирија над 51.000 луѓе загинаа во земјотресите од 6 февруари.
Имаше многу потресни приказни. Медиумите јавија дека коњ издржал 21 ден под урнатините во Турција.
Слично
