Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

(ВИДЕО) УМЕРОВ: Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија

Наскоро e можна голема размена на затвореници меѓу Украина и Русија, 1.000 за 1.000. 

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, кој ја предводи украинската делегација на преговорите во Истанбул, по завршувањето на преговорите со руската страна најави можна размена на затвореници.

„Го знаеме датумот, но сè уште нема да го откриеме“, рече Умеров, додавајќи дека размената би можела да се случи наскоро.

Киев ги прими останките на 909 војници, соопшти денеска персоналот одговорен за прашања поврзани со воените заробеници. Војниците беа убиени во борбите во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Суми.


Слично

Поврзани вести