Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Два вулкана еруптираа во Италија, a улиците се чистат од пепел, додека аеродромот е затворен. 

Ерупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија. Тие ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија.

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови. Неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија.

Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци изјави дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.

Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања авиони.

На Исланд и во Индонезија претходно имаше ерупции. 


Слично

Поврзани вести