(ВИДЕО) Улична војна во Лондон: Анонимуси ги кршеле барикадите и ги нападнале полицијата и Би-Би-Си
Учесниците во протестот „Милион маски“, во организација на активистичкото движење Анонимуси, одржан во повеќе светски градови, се судрија со полицијата во центарот на Лондон и пред Бакингамската палата.
Демонстрантите полицијата ја гаѓале со шишиња и сообраќајни знаци, а потоа ги скршиле металните барикади кои ги постави полицијата.
Извикувајќи „Единствено решение е револуција“, учениците на протестот се обиделе да влезат во зградата на медиумската куќа на Би-Би-Си, но полицијата во тоа ги спречила. Полицијата привела петорица демонстранти поради користење на пиротехнички сретства и напади на полицајци.
Повеќето демонстрантиноселе маски со ликот на Гај Фокс, познат и како Гвидо Фокс, британскиот заговорник кој на 5 ноември 1605 година се обидел да го крене во воздух британскиот парламент. Маската со ликот на Фокс стана амблем на Анонимуси и симбол на незадоволните лица, кои се борат против алчноста и економската нееднаквост.
Онлајн движењето „Анонимуси“, кои постојат од 2003 година, познат по хакирањето на сајтови, се бори за слободен интернет и за укинување на цензурата.

