Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украле багер па пустошеле во Лидл

(ВИДЕО) Украле багер па пустошеле во Лидл

Криминалната банда со повеќе членови, украла багер па пустошеле во супермаркетот Лидл во Даблин. Локалните медиуми пренесуваат дека целиот маркет бил уништен.


Багерот најверојатно бил ангажиран за чистењето на снегот во областа, се додека крадците не го украле. Бандата поставила и барикади во продавницата за да ја спречат полицијата. 

На социјални мрежи, се појави снимка на која се гледа како багерот го уништува покривот на продавницата, кој потоа паѓа.

Полицијата соопшти дека девет лица се уапсени за немилиот настан. Притворените се  на возраст помеѓу 24 и 47 години.

 Инцидентот се случи во петокот во време на лошите услови на силна снежна бура Ема, која ја парализираше Ирска. Многу патишта беа непроодни, а продавниците останаа затворени. 

Слично

Поврзани вести