Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украл авион, полетал со него и се урнал во море

(ВИДЕО) Украл авион, полетал со него и се урнал во море

Авиомеханичар на возраст од 29 години украл авион во кој немало патници и полетал од Меѓународниот аеродром во Сиетл, но набрзо потоа се урнал во близина на островот Кетрон.

Прелиминарната истрага покажува дека несреќата се случила затоа што механичарот извел акробација, а не бил доволно обучен за летање, објави локалната полиција на Твитер.

Од полицијата денеска објавија дека авиомеханичарот бил склон кон самоубиство, а инцидентот нема никаква врска со тероризам.

Нoвинската агенција АП соопшти дека тој се пошегувал прашувајќи дали авиокомпанијата ќе го вработи како пилот, ако успее да слета безбедно. 

Инцидентот се случи минатата ноќ, а станува збор за авион Q400 кој може да има и до 78 места.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се види како авионот кружи над аеродромот.


Слично

Поврзани вести