Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинскиот јавен обвинител како римски император – домот му бил полн злато!

(ВИДЕО) Украинскиот јавен обвинител како римски император – домот му бил полн злато!
Икони, уметнички слики, позлатени статуи, скапоцени камења - ова пронашле демонстрантите во домот на украинскиот јавен обвинител Виктор Пшонка. Тој се наоѓа во бегство, откако пред два дена беше разрешен од функцијата, а по него е распишана потерница. Пшонка е еден од двајцата најблиски соработници на екс-претседателот Виктор Јанукович, кои исто така неуспешно се обидоа да ја напуштат земјата преку аеродромот во Доњецк. Во неговиот дом демонстрантите пронашле и опрема за истерување на ѓаволот, како и слики на кои Пшонка е прикажан како римски император, а неговата сопруга како царица. Каков луксуз беше пронајден во домот на довчерашниот јавен обвинител во Украина, повеќе во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=95ZpUYcYX8c
Слично

Поврзани вести