(ВИДЕО) Украински хеликоптер отворил оган на сопствени војници
Веројатно заради недоразбирање во комуникацијата, украински хеликоптери ја дигнале во воздух контролната точка на сопствената украинска војска кај Волновак.
Украински војник стациониран недалеку од овој град во регионот на Доњецк го снимил нападот на украинските хеликоптери врз контролната точка на украинските сили.
Два хеликоптера МИ-24 и еден МИ-8 потоа прелетуваат над украинските војници и продолжуваат да пукаат.
Војниците на земјата можат да се слушнат како се прашуваат едни со други: „Дали се наши?“, а потоа заклучуваат „Наши се!“. Неколку минути подоцна еден од воојниците телефонски се слушнал со некој и го известил дека има многу загинати.
http://www.youtube.com/watch?v=3r0UJXUw8WI
Слично
