Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНСКИ ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО РУСИЈА: Изби голем пожар

(ВИДЕО) УКРАИНСКИ ДРОН ПОГОДИ ЦЕЛ ВО РУСИЈА: Изби голем пожар

Украински дрон погоди складиште за нафта во Русија, по што избувна голем пожар. 

Според прелиминарните податоци, нема жртви. 

„Системите за електронско војување на руското Министерство за одбрана попречиле украинско беспилотно летало во областа Брјанск, но муницијата паднала на резервоар за складирање нафта и предизвика пожар“, изјави регионалниот гувернер Александар Богомаз.

Екипи на руското Министерство за вонредни ситуации излегле на локацијата и работат на санирање на штетите, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

Инаку, вчера Русија собори украински дронови во Москва и Санкт Петербург. Пограничните места често се мета на украински дронови. Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години.


Слично

Поврзани вести