Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНСКАТА ВОЈСКА НАПАЃА: Летаат гранати по градовите во Донбас!

(ВИДЕО) УКРАИНСКАТА ВОЈСКА НАПАЃА: Летаат гранати по градовите во Донбас!

Украинските сили за безбедност ги гранатираат јужните области на самопрогласената ДНР, изјавил претставник од администрацијата на Новоазовскиот округ.

„Моментално бележиме напади во преградијата на местата Саханка, Ленјинско и други во нивна близина. Во предградието на Саханка се забележани скоро 20 артилериски експлозии“, рекол претставник од округот и додал дека уште нема податоци за жртви и материјална штета.


Во текот на гранатирањето на местото Јасиновата граната паднала во двор на станбена куќа, но не експлодирала, рекле во градската управа. Освен тоа, оштетена е зграда во железничкото депо.


Претходно претставници од украинските сили соопштиле дека дошло до влошување на состојбата во Донбас. Судрените страни се обвинуваат една за друга за интензивно гранатирање и обиди на офанзива на линија на допир во регионот во Доњецк.

Украинските власти воведоа вонредна состојба во Авдејевка, која е под контрола на украинските сили. Жителите на ова место се без вода, греење и струја. Според податоците на ОБСЕ, тешка ситуација владее и во градот Јасиновати, кој се наоѓа во близина на Доњецк и е под контрола на востаниците.


Вчера Министерството за одбрана на Украина соопштило: „Метар по метар, чекор по чекор, нашите момци херојски напредуваат“.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рекол дека тоа е доказ за офанзивата на украинските сили, што претставува кршење на Минскиот договор.


Слично

Поврзани вести