Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинец измами Руси: Рускиот тенк се расипал, им се јави да му дадат совети како да го поправи

(ВИДЕО) Украинец измами Руси: Рускиот тенк се расипал, им се јави да му дадат совети како да го поправи

На Украинец му се расипа тенкот, по што се јави во руски институт да побара помош. Тој го снимил разговорот со Русинот кој му објаснува што да прави со тенкот. Украинецот на моменти едвај издржува да не се насмее гласно. 

Од почетокот на руската инвазија околу 200 руски тенка „Т-72Б3“ завршија во рацете на украинската армија. Овој тенк, произведен од „Уралвагонзавод“ од Нижни Тагил е еден од поновите руски тенкови. Кога локалните експерти наишле на проблеми што не можеле веднаш да ги решат, украинскиот војник со прекар Кочевник решил да ја повика техничката поддршка на „Уралвагонзавод“.

Снимка од повиците на Кочевник објави „Милитарњи“, украински канал, кој емитува вести за војната. Кочевник служи во 54. механизирана бригада на украинската армија, која се бори околу Краматорск во источна Украина и користи претежно опрема од советската ера, вклучувајќи тенкови „Т-64“ и борбени возила БМП. Таа поседува и дел од заробените руски тенкови „Т-72Б3“, пишува „Форбс“.

Војникот им вели дека од резервоарот течело масло, компресорите не работеле, а електричниот механизам за вртење на куполата откажувал поради што екипажот бил принуден рачно да ја ротира куполата.

Русин, кој се претставил како Александар Анатолиевич, кој не знаел дека Кочевник е украински војник, ветил дека ќе испрати список со проблеми до проектната канцеларија во Нижни Тагил, а ќе контактира со производителот на мотори во Челјабинск.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. 


Слично

Поврзани вести