Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЕЦ ГО УРНА РЕКОРДОТ НА КАНАЃАНЕЦ: Снајперист убил руски војник на далечина од 3,8 километри

(ВИДЕО) УКРАИНЕЦ ГО УРНА РЕКОРДОТ НА КАНАЃАНЕЦ: Снајперист убил руски војник на далечина од 3,8 километри

Снајперист од Украина собори светски рекорд, откако убил руски војник на далечина од 3,8 километри, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ). Непроверената информација, која првпат се појави во украинските медиуми, за Њусвик ја потврди извор од украинските разузнавачки кругови.

Инаку, канадски снајперист од специјалните сили го држи рекордот од 2017 година, откако е потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3.540 метри во Ирак. Пред него, титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој уби талибански борец во Авганистан во 2009 година, погодувајќи од далечина од 2.475 метри.

Украинските медиуми споделија снимка на која наводно е прикажан истрелот за соборување на рекордот.

Германија вети дополнителна воена помош од 1,3 милијарди евра за Украина, која ќе вклучува уште четири системи за воздушна одбрана ИРИС-Т, како и артилериска муниција, објави министерот за одбрана Борис Писториус за време на посетата на Киев.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари, а досега загинале над 10.000 цивили. 


Слично

Поврзани вести