Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинците во Изјум ги кинат руските знамиња и ги поздравуваат украинските војници

(ВИДЕО) Украинците во Изјум ги кинат руските знамиња и ги поздравуваат украинските војници

Украинците во украинскиот град Изјум ги кинат руските знамиња и ги поздравуваат украинските војници. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека граѓаните се среќни што градот повторно се врати под украинска контрола. 

Луѓе со украински знамиња на грбот и цвеќиња им приоѓаат на војниците. 

„Слава на Украина“, „Слава на хероите“, „Изјум е Украина“ извикуваат украинските војници. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети ова место и го подигна државното знаме. 

Во Вовчанск близу до руската граница, вчера влегоа украинските војници и таму ги палеа руските знамиња. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 


Слично

Поврзани вести