Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЈА СКАП РУСКИ БРОД: Oбјавија снимка од нападот

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЈА СКАП РУСКИ БРОД: Oбјавија снимка од нападот

Украинците се пофалија дека уништиле скап руски брод и објавија снимка. Вредноста на  бродот се проценува на приближно 60-70 милиони американски долари. Се работи за брод со наведувани проектили. 

„Украинска правда“ пишува дека според првите извештаи операциите за пребарување и спасување руски војници од езерото биле неуспешни.

Припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) синоќа ја уништиле корветата „Ивановец“, соопштија украинските разузнавачи. 

„Операцијата беше овозможена со поддршка на Министерството за дигитална трансформација на Украина и платформата ‘Јунајтед 24’“, изјавија тие.

„Јунајтед 24“ е платформа управувана од украинската влада, која стартуваше на 5 мај 2022 година за да се соберат пари за украинската армија. Пред некој ден Украинците над Луганск соборија руски авион. 

Украина напролет планира да прави нова контраофанзива со цел да ги ослободи окупираните територии. Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години. 


Слично

Поврзани вести