Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинците оштетија мост преку кој Русите пренесуваа оружје

(ВИДЕО) Украинците оштетија мост преку кој Русите пренесуваа оружје

Мостот кој Русите го користеле за испорака на оружје кај Мелитопол, украинските сили го оштетија. 

Украинските одбранбени сили го оштетија железничкиот мост во близина на селото Старобохданивка во регионот Запорожје кое е на 40 километри оддалеченост од Мелитопол. Веста ја објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.  Сè уште постои заканата од ракетни напади врз критичните инфраструктурни објекти на Украина. Руските војници употребија  повеќекратни ракетни системи за лансирање (МЛРС) врз позициите на украинските одбранбени сили и цивилни објекти околу 10 пати.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е убеден дека војната во Украина автоматски ќе заврши доколку умре рускиот лидер Владимир Путин. Зеленски гостуваше во специјалното шоу на Дејвид Летерман „Мојот следен гостин не треба да се претставува“, кое се снимаше во метрото во Киев, поради што повремено се слушаше звукот на возовите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека продолжувањето на економската соработка меѓу Германија и Русија е можно доколку Кремљ стави крај на војната во Украина.

фото Твитер


Слично

Поврзани вести