Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ПОГОДИЈА ХОТЕЛ ВО КУРСК: Русија возврати на ударот

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО ХИМАРС ПОГОДИЈА ХОТЕЛ ВО КУРСК: Русија возврати на ударот

Украинците погодија хотел во Курската област во Русија, каде се повредени три лица. 

Русија истрела балистичка ракета со мал дострел Искендер-М врз украинските сили кои претходно употребија ракетен систем ХИМАРС во Курск. 

Гувернерот на Курската област, Александар Хинштајн изјави дека три лица се повредени при ракетниот напад врз хотел во градот Рилск.


Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека можеби ќе се придружи на можната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи во Турција во четврток, со посредство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен директно да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – доколку тој се појави.

Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести