Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО АВТОМОБИЛ-БОМБА ЛИКВИДИРАА РУСКИ ОФИЦЕР НА КРИМ: Бил одговорен за напади во кои загинаа украински цивили

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СО АВТОМОБИЛ-БОМБА ЛИКВИДИРАА РУСКИ ОФИЦЕР НА КРИМ: Бил одговорен за напади во кои загинаа украински цивили

Украинските разузнавачи на Крим ликвидираа руски офицер, разнесувајќи му го автомобилот.

Нападот што се случи денеска во Севастопол е целно убиство на руски офицер, организирано од Украинската служба за безбедност (СБУ), пишува Киев Индипендент. Весникот објави дека бил извршен напад со автомобил-бомба и дека е убиен офицерот на руската морнарица Валериј Транковски. Истиот извор тврди дека се работи за организирано убиство на рускиот офицер извршено од украинската СБУ.


Ликвидираниот капетан на руската морнарица бил началник на штабот на 41-та бригада на ракетни бродови и „воен злосторник кој нареди лансирање на крстосувачки ракети од Црното Море на цивилни локации во Украина“, пренесува Киев индипендент.

Се смета дека починал поради губиток на крв откако експлозијата му ги скинала нозете.

Рускиот офицер, наводно е одговорен за ракетниот напад во јули 2022 година врз градот Виница, во кој загинаа 29 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

Претходно руските власти на окупираниот Крим информираа дека офицерот загинал по експлозијата.

Тој ги надгледуваше нападите врз Одеса и други градови, во кои загинаа многу цивили, рече извор на весникот Киев Индепендент.

Рускиот медиум „Маш“ објави дека Украинците го следеле офицерот една недела и дека експлозивот го активирале од далечина. 

Мајорот Дмитриј Периуха е убиен во центарот на Луганск, откако неговиот автомобил експлодираше на 18 октомври. Оваа украинска територија е под руска окупација. 

Повеќе инволвирани во војната во Украина загинаа на ист начин. Украинските разузнавачи ги ликвидираа преку експлозии. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Слично

Поврзани вести