Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СИМНАА РУСКИ ЗНАМИЊА ВО КУРСК: Сирски вели дека Руси таму веќе нема, а Зеленски соопшти колку војници заробиле

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СИМНАА РУСКИ ЗНАМИЊА ВО КУРСК: Сирски вели дека Руси таму веќе нема, а Зеленски соопшти колку војници заробиле

Украинските сили напредуваат на руско тло. Украинскиот врховен командант Олександр Сирски тврди дека украинските сили сега имаат целосна контрола врз важниот руски пограничен град Суџа. Вели дека во Курск нема повеќе Руси.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека заробиле повеќе од 100 руски војници во регионот Курск.

„Му наредив на врховниот командант да ја зајакне оваа насока користејќи ја опремата и залихите што моментално ги обезбедуваат нашите партнери. Ние напредуваме во областа Курск, еден до два километри во различни области од почетокот на денот“, посочи тој.

Украинската армија објави дека нејзините сили собориле руски ловец-бомбардер Су-34 во областа Курск.

Се појави и видео од украински војници кои симнуваат руски знамиња во Курск. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести