Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

Русите ослободија клучен град во Курск и објавија снимка од центарот на градот.

Руската војска ја врати контролата над центарот и други делови од Суџа во руската Курска област, изјави командантот на баталјон на групата Север за руската агенција РИА Новости. Руските војници го вратиле руското знаме во центарот на градот.

Комерсант објави дека постојат снимки на кои се гледа знаме и руски војници како стојат покрај него. 

Вооружените сили на Украина почнаа да се повлекуваат од регионот Курск, кој го држеа повеќе од седум месеци. Ова го објавија воениот аналитичар Јан Матвеев, основачот на Тимот за разузнавање конфликти (ЦИТ) Руслан Левиев, и украинскиот новинар Јуриј Бутусов. 

„Четири лица загинаа, а уште две се ранети во напад на украинската војска што погоди фабрика за преработка на добиточна храна во регионот Курск, западна Русија“, изјави локалниот гувернер Александар Хинштајн.

Лани на 6 октомври украинските сили упаднаа во Курск во Русија. Според некои медиуми, не е исклучена можноста, напуштањето на Курск, Киев и Вашингтон да го претстават како гест на добра волја. Руската инвазија на Украина трае повеќе од три години. 

фото Икс


Слично

Поврзани вести