Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари

Украинските специјални сили тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари. 

Тие објавија дека употребиле борбени беспилотни летала за да го уништат рускиот ракетен систем Бук-М3 и повеќекратниот ракетен систем „Ураган-1“. 

Бук-М3 е еден од клучните руски системи за воздушна одбрана и се користи за погодување цели во воздух, на копно и на море. 

Видеото од нападот го објавија на официјалните украински воени канали.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски замина во Турција и утре чека дали таму ќе се појави рускиот претседател Владимир Путин. 

Тој рече дека ако Русите не дојдат, ќе треба ЕУ и САД да им воведат построги санкции. 

Војната во Украина трае повеќе од три години. 


Слично

Поврзани вести