Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Украинците пукаат кон дронови со цел да ги соборат

(ВИДЕО) Украинците пукаат кон дронови со цел да ги соборат

Украински полицајци со автоматско оружје пукаат кон дронови над украинската престолнина Киев. 

Русија утрово изведе напади во Украина со дронови од иранско производство.  Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледаат полицајци кои излегуваат од автомобил на еден мост и пукаат кон рој од дронови.  Тие успеале да соборат еден дрон кој падна на неколку десетици метри од нив.

Снимката ја објави советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.  Украинските сили веќе осум дена се обидуваат  да ги соборуваат опасните летала кои можат да носат и до 50 килограми на експлозив.  Украина бара противвоздушна одбрана. Најновиот црн биланс покажува дека најмалку седум луѓе загинаа денеска во нападите. Минатата недела имаше 19 жртви. 


Слично

Поврзани вести