Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ВИДЕО: Запалиле руски хеликоптер во московскиот регион

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ВИДЕО: Запалиле руски хеликоптер во московскиот регион

Украинците објавија видео со кое покажаа дека запалиле руски хеликоптер Ми-24 во напад на Москва. 

Украинското одбранбено разузнавање извести за уништување на руски јуришен хеликоптер Ми-24 на аеродромот Клин-5, лоциран во московскиот регион.

Тврдат дека хеликоптерот што бил опожарен припаѓал на 92-та ескадрила, која е дел од 344-от центар за борбена примена и преквалификација на вооружените сили на воздухопловните сили на Руската Федерација.

Аеродромот Клин-5 е познат како клучна база за обука и борбена подготовка на руските воздухопловни сили, што дополнително го нагласува значењето на овој инцидент. Ми-24, популарно наречен „летечки тенк“, е повеќенаменски јуришен хеликоптер кој игра важна улога во обезбедувањето блиска воздушна поддршка и транспорт на војници.

Вчера Украина изврши масовен напад со дронови, што доведе до парализирање на аеродромите во Москва. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, а сега сите се во исчекување дали новиот американски претседател Доналд Трамп ќе придонесе за завршување на војната и враќање  на мирот. 


Слично

Поврзани вести