Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Тврдат дека уништиле моќен балистички систем „Искандер“

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Тврдат дека уништиле моќен балистички систем „Искандер“

Украинците тврдат дека за прв пат уништиле моќен балистички систем „Искандер“.

Вооружените сили на Украина денеска објавија видео за кое тврдат дека го прикажува уништувањето на рускиот мобилен систем за балистички ракети со краток дострел „Искандер“. Нападот наводно се случил во близина на рускиот град Клинци во регионот Брјанск.


Нападот, пишува „Defence Blog“, го извршиле во координација со Службата за безбедност на Украина (СБУ), а системот „Искандер“ бил уништен со ракетен напад.

Како што соопштија Украинците, еден систем „Искандер“ бил уништен во овој напад, а уште два биле оштетени.

Украина деновиве ја реализираше акцијата „Пајажина“ во која уништи руски бомбардери во напад со дронови на руска територија. Ден потоа украинските сили со 1.100 килограми експлозив ги оштетија подводните столбови на Кримскиот мост. 

Русија се закани дека нема да оди на преговори следен пат, ако Украина не запре со напади на руски бази каде има бомбардери. 

По ова, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија не го прифатила примирјето и нападот се случил, во спротивно немаше да има таков напад. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести