Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ИЗВРШИЈА НОВИ НАПАДИ: Експлозии во Волгоград

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ИЗВРШИЈА НОВИ НАПАДИ: Експлозии во Волгоград

Експлозии одекнаа во Волгоградскиот регион. Украинците со дронови ја нападнаа руската воздухопловна база и нејзиниот аеродром.

Експлозии одекнаа синоќа во рускиот град Калач на Дон во регионот на Волгоград по напад со дрон. Се верува дека цел на нападот била воздухопловната база Мариновка во селото Октаабрски, на околу 20 километри од Калач на Дон.

Киев Индипендент oбјави дека пожарот е пријавен на блискиот аеродром и додава дека областа Волгоград се наоѓа на околу 900 километри од Москва.

Евакуирани се 133.000 Руси, а рускиот претседател Владимир Путин свика состанок. 

На 6 август украински сили упаднаа во Курск и нема знаци дека нивната офанзива ослабнува. 

Првиот вицепремиер Денис Мантуров додаде дека Владата ја проценува штетата врз земјоделството и индустријата во регионот бидејќи, како што рече, украинската офанзива врз Курск не покажува знаци на забавување.  


Слично

Поврзани вести